|

Основна дејност на Македонијалек
е промет
со:
-
Лекови,
-
Помошни лековити средства,
-
Медицински потрошен материјал,
-
Диететски производи,
-
Детска храна и беби програм,
-
Хируршки инструменти,
-
Медицинска козметика,
од добавувачи од земјава и од странство.
Компанијата има развиено добро организирана мрежа за
дистрибуција на лекови во приватни и јавни аптеки , како и во
Клиничкиот Центар, медицинските центри и болниците на територијата на
Р.Македонија.
Водечка улога во работењето на компанијата има
Генералниот менаџер
M-r Pfh. Момчиловиќ Солунка, чии менаџерски
способности и долгогодишното работно искуство во фармацевтскиот бизнис
и¢
помогнаа да ја постави и одржи компанијата на здрави темели.
Најсилна страна на Македонијалек е добро
организираната тимска работа, професионалноста и експедитивноста во
реализирањето на работниот процес, почнувајки од набавката,
складирањето,преку дистрибуција на производите до коминтентите.
Сите активности од типот на Економско-Правен
консалтинг за Македонијалек ги извршуваат надворешни соработници,
стручни и професионални во својата дејност, за што говорат и нивните
меѓународни сертификати.
Развојните планови, Компанијата Македонијалек, ги
конципира, следејки ги достигнувањата во современата медицина и
фармација во светот и се залага за присуство на квалитетен лек на
македонскиот пазар, преку соработка со сите реномирани производители
од земјава и светот. |