|
1 ДЕКЕМВРИ |
|
СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ СИДА
Светскиот ден на борба против СИДА-та, 1 Декември има посебно место во историјата на ХИВ/СИДА пандемијата. Идејата за светскиот ден на борба против СИДА е родена во јануари 1988 година, од министрите за здравство, учесници на Светскиот самит за превенцијата на ХИВ/СИДА. Од 1998 година 1 декември станува ден кој носи пораки на сочувство, надеж, солидарност и разбирање за ХИВ/СИДА проблемот во секоја земја во светот, независно дали таа се наоѓа на север, на југ, на исток или на запад, дали е неразвиена или развиена или е во транзиција. На 1 Декември секоја година се промовира Кампања, што ја карактеризира ХИВ/СИДА превенцијата на за таа година. СВЕТСКИ КАМПАЊИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ХИВ/СИДА (1988-2000) 2000: Мажи променете го однесувањето 1999: Слушај, учи, живеј 1998: Настојувања за промена 1997: Деца кои живеат во свет со СИДА 1996: Еден свет - една надеж 1995: Заеднички права, заедничка одговорност 1994: СИДА-та и семејството 1993: Време е да се дејствува 1992: Поддршка на заедницата и општеството 1991: Да ги споделиме предизвиците 1990: Жените и сидата 1989: Младина 1988: Комуникации
|