|
За
кого е наменет ЕЗУСС?
Едукативното Зимско Училиште Стоп Сида (ЕЗУСС)
е дизајнирано за адолесценти, потенцијални идни информатори и
едукатори за своите врсници, кои се заинтересирани да добијат целосни
и точни информации за ХИВ/СИДА-та и сексуално преносливите инфекции
(СПИ) со желба покасно да се вклучат во активностите за подигнување на
јавната свест за потребата од ХИВ/СИДА/СПИ заштита како и за
изготвување на информативни материјали за оваа проблематика. Најдобро
е доколку учесниците во ЕЗУСС веќе имаат некое искуство во тимско
работењете, членување во невладини организации како и во организирање
и одржување на јавни трибини од областа на здравството, но ваквото
искуство не е неопходно.
Искуствата добиени во ЕЗУСС се посебно значајни кога неговите учесници
се преставници на различни националности од различни делови на нашата
земја. Можноста за запознавање и заедничкото дружење, на учесниците им
ги отвара можностите за согледување на евентуалните разлики во
ставовите, навиките и верувањата на нивните врсници кога станува збор
за ХИВ/СИДА-та и СПИ како и различните гледања на овие прашања од
призмата на традициите и културите со кои е опкружен поголемиот дел од
нив во секојдневното живеење. Меѓусебнотно соработување и разбирање е
неопходно за остварување на поуспешна ХИВ/СИДА/СПИ превенција. Она кое
никогаш не смееме да го заборавиме е дека ХИВ/СИДА/СПИ преставуваат
како наш личен така и колективен проблем чие глобално решавање зависи
во најголем дел од нашето меѓусебно разбирање и заеднички пристап.
Како е организиран ЕЗУСС?
Едукативното Зимско Училиште Стоп Сида (ЕЗУСС)
е организирано во два дела и тоа работен дел и дел на социјални
активности. Работниот дел на ЕЗУСС е организиран во пленарни сесии и
работа во групи. Пленарните сесии се интерактивни со максимално
времетраење до 40 минути и со можност учесниците да поставуаат прашања
во секој момент кога за тоа ќе почуствуваат потреба. Работата во групи
е интерактивна (максимум по 10 учесници) водена од фацилитатор кој е
одговорен за правилното објаснување на вежбите, нивно имплементирање,
одржување на динамиката во групата и усмерување на работата кон
постигнување на поставената цел.
За
работниот дел учестниците на ЕЗУСС добиваат специјално за таа цел
подготвен повекеделен прирачник како и други видови на едукативни
материјали за ХИВ/СИДА/СПИ на МИА.
Социјалните активности се организираат секој ден во слободното времето
после наставата. Овие активности се замислени со цел за релаксирање,
подобро запознавање, меѓусебно комуницирање, спонтана размена на
искуства и пренесување на ХИВ/СИДА/СПИ информациите преку игра и
забава.
Програмски теми на ЕЗУСС !
Во
програмата рамка на Едукативното Зимско Училиште Стоп Сида (ЕЗУСС)
се опфатени и обработени следниве теми:
ХИВ/СИДА
основни информации
(СИДА, предизвикувач, ХИВ инфекција - знаци и симптоми, начини на
пренесување, тестирање, човекови права и др.);
Сексуално
преносливи инфекции - СПИ
(видови, најчести знаци и симптоми, како да се постапи, со кого да се
разговара, лекување и др.);
Сексуален
живот и здравје
(информирање/едуцирање и комуницирањето за сексуалното здравје, со цел
за реално и одговорно гледање на сексуалноста);
ХИВ/СИДА/СПИ
отворен разговор
(потреба за разговор, избор на соговорник, искреност во искажувањата,
очекувања за поддршка и разбирање, надминување на стравот, одговорност
и др.);
Заштита од ХИВ/СИДА/СПИ
(сигурно однесување без ризик за ХИВ/СИДА/СПИ).
Цели на ЕЗУСС !
При
поставување на целите на Едукативното Зимско Училиште Стоп Сида
(ЕЗУСС) беа земени во предвид фактите дека како најпотребни
превентивни програми меѓу адолесцентите се покажале оние кои се
насочени кон превенирањето на прераната бременост, сексуално
преносливите инфекции и ХИВ инфекцијата и тоа преку изградувањето на
способноста за лична заштита во секојдневното живеење. Земајки ги во
предвид светските искуства главните цели на ЕЗУСС се да им помогне на
учесниците во:
Проценување
на личниот ризик од ХИВ/СИДА/СПИ
базирано на точни информации и едукација за оваа проблематика како и
донесување на позитивни ставови и решенија за заштита на сопственото
здравје;
Развивање
на способноста за препознавање на ризичните ситуации
преку разбирањето на сопствените слабости и знаење за тоа што треба да
се направи за сопствена заштита;
Поддржување
на способноста за доследност кон сопствените ставови и решенија
при евентуален притисок од средината за несакан сексуален однос,
сексуален однос без заштита или понуда за зедничко користење на дрога;
Разбирање
и прифаќање на неопходноста од практикување на сигурен сексуален однос
(сексуален однос со користење на кондоми) како единствен начин за
заштита од СПИ;
Спремност
за отворен разговор
за ХИВ/СИДА/СПИ.
Очекувани резултати од ЕЗУСС!
Резултати од Едукативното Зимско Училиште Стоп Сида (ЕЗУСС) се
очекуваат на две нивоа и тоа:
Генерално
ниво
се однесуваат на зголемување на бројот на адолесцентите кои ќе имаат
можност активно и компетентно да ги пренесуваат стекнатите знаења на
своите врсници и кои активно ќе се вклучат во активностите за
подигнување на јавната свест за потребата од ХИВ/СИДА/СПИ заштита.
Индивидуално
ниво
се однесуваат на стекнување на знаење, воспоставување на позитивни
навики и развивање на способност за лична заштита и практикување на
сигурно однесување со што учесниците во своето живеење максимално ќе
го редуцираат/елиминираат ризикот од ХИВ/СИДА/СПИ.
|