Македонска Интеретничка Асоцијација    

  
       

 CURRICULUM VITAE

 

МИА

МАКЕДОНСКА ИНТЕРЕТНИЧКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНО ПРОСВЕТУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО

          English            

Адреса  за контакт:

Адреса: ул. Лондонска 2/6 

Поштенски број/ Град: 1000 Скопје

Држава: Република Македонија

Телефон: (+) 389 2 3086 120; (+) 389 70 254 621; (+) 389 70 537 030

Факс: (+) 389 2 3086 120

E-mail : vesnamia@osi.net.mk

E-mail : vesnamia@sonet.com.mk

 

 

Легален статус:

 

МИА - Македонска Интеретничка Асоцијација за здравствено просветување и унапредување на здравјето е невладина, непартиска и непрофитна организација основана во 1996 година. МИА е најстарата невладини организации во Република Македонија која работи на превенцијата од ХИВ/СИДА и сексуално преносливите инфекции.

 

Организациска  структура:

 

 

Од 2000, во склоп на МИА започна да работи  нов огранок - Младина на МИА. Денес, тој претставува многу активен дел од организацијата кој опфаќа млади луѓе, пред се средношколци и студенти. Активноста на Младината на МИА е целосно независна од остатокот на организацијата во смисла на креирање, реализирање и евалуација на проектите.

 

 

Персонал/волонтери:

 

За МИА работат волонтери, од сите етнички групи, со полно и скратено работно време. Заедно со порастот на ХИВ/СИДА/СПИ проблемите во земјава, членството на МИА се повеќе се зголемува. Мнозинството од членовите се здравствени и социјални работници, психолози, студенти, ученици како и многу други кои преку следењето на мисијата на МИА придонесуваат за ХИВ/СИДА превенцијата.

 

 

Мисија:

 

Поддигнување на јавната свест за потребата од ХИВ/СИДА/СПИ превенција усмерена кон стекнување на знаење, воспоставување на позитивни навики и развивање на способности за лична заштита и практикување на сигурно однесување со што при живеење максимално ќе се редуцира/елиминира ризикот од ХИВ/СИДА/СПИ.

 

 

Главни цели:

 

  1. Промовирање на програми за информативно, едукативно, комуникациско и кампањско поттикнување на свеста меѓу младите луѓе од различни националности за превенцијата од ХИВ/СИДА/СПИ како и на програми за поддржување, разговор  и советување на лицата со ХИВ/СИДА.

  2. Зајакнување на личните способности за превенирање на болестите, особено ХИВ/СПИ и репродуктивното здравје преку промена на животниот стил, воспоставување на достапна мрежа за социјална поддршка и подобрување на менталното здравје.

  3. Подигнување на јавната свесност на граѓанството за ХИВ/СИДА/СПИ превенцијата и човековите права преку зајакнување на соработката меѓу невладините организации и медиумите како и зголемување на нивното искуство и стручност во работењето на ХИВ/СПИ проблемот во земјата.

 

 

Целни групи:

 

·         адолесценти (школски и воншколски);

·         жени;

·         Роми;

·         лица со различна сексуална ориентација;

·         продавачи на сексуални услуги;

·         лица заболени од ХИВ/СИДА, нивните семејства и блиски

 

 

Главни активности:

                    

·         СИДА -инфо сервис;

·         ХИВ/СИДА/СПИ врсничко информирање, едуцирање и комуницирање;

·         Промовирање на интер-генерациски отворен разговор за ХИВ/СИДА/СПИ во семејството;

·         ХИВ/СИДА/СПИ библиотека;

·         ХИВ/СИДА/СПИ медиумски кампањи;

·         Психосоцијална поддршка и палиативна грижа за лицата со ХИВ/СИДА како и за нивните семејства;

·         Поддигнување на јавната свест за потребата од ХИВ/СИДА/СПИ превенција;

·         Создавање на ХИВ/СИДА/СПИ пропаганден материјал;

·         Меѓународна соработка.

 

 

Некој проектни активности (1996/2004)

 

·         "ХИВ/СИДА едукација во средните училишта" - 1996/1997 - проект подржан од Durex

·         "Преку радио до здравствено воспитување" - 1997/1998 еднаш неделна едно часовна едукативна програма на две радија на македонски и албански јазик - подржана од "Студентско радио" и приватна радио станица "Кис" од Тетово.

·         "Да го зајакнеме студентското знаење за ХИВ/СИДА" - 1998 - Пет месечен проект (работилници и округли маси) со дискусии на младите луѓе за ХИВ/СИДА - проект подржан од Durex.

·         "Летен, едукативен радио бран" - Јули/Август 1998; два пати неделно едно часовна едукативна програма за здравје, со акцент на ХИВ/СИДА/СПБ во туристичките места Охрид и Струга - проект подржан од "'ХИТ" радио Струга.

·         "Кампања за превенција на СИДА во Р. Македонија" - 1998 - два месечна кампања во коалиција со национални невладини и владини организации  со подржана од Светска Банка.

·         "Правата на жената за заштита од ХИВ/СИДА/СПБ" - 1998/1999 - осум месечен проект финансиран од Институт за Трајни Заедници и USAID.

·         "Анализа на ХИВ/СИДА ситуацијата во Р.Македонија, потреби и препораки"- 1999 - проект подржан од UNDP.

·         "Хуманитарни активности, потреби и препораки за Р.Македонија за бегалците во време на Косовската криза " - 1999 - проект подржан од UNDP.

·         "Делувањето на жената во ХИВ/СИДА превенцијата" - 1999/2000 - подржан од Американскиот Комитет за Бегалци, ARC.

·         "ХИВ/СИДА и човекови права во Р. Македонија" - 1999/2000 - проект подржан од Кралската Норвешка Амбасада и UNDP.

·         "Дом за разговор поддршка и разбирање" - 2000 - Институт за отворено општество, СОРОС.

·         "Активностите на жените од маргинализираните подрачја во ХИВ/СИДА превенцијата" - 2000/2001 - интернационален проект меѓу Р.Македонија и Бугарија поддржан од Phare и Tacis Lien Programme.

·         "ХИВ/СИДА - наш заеднички предизвик за превенција и човекови права" - 2001/2002 - проект подржан од Кралската Норвешка Амбасада.

·         "Брза проценка и реакција на ризичното сексуално однесување и употребата на психоактивни супстанции меѓу млади на возраст од 10-24 години" - 2001/2001, поддржан од UNICEF

·         "Секој адолесцент има право да знаае" -  2001/2003, поддржан од УНИЦЕФ

·         "Информација и комуникација" - 2002/2003 - проект подржан од Институтот Отворено Општество

·         "Повезување на генерациите преку едукација за ХИВ/СИДА" - 2002/2003 - проект подржан од Норвешката Влада.

·         "Мадината во Стоп Сида" -  2004 - проект подржан од  BCYF.

·         "Девојчиња, момчиња и кондоми" -  2004 - проект подржан од  Youth - net.

·         "ХИВ/СИДА/СПИ превентивна програма" -  2004 - проект подржан од Норвешката Влада.

 

 

 

 

MIA

Street: Londonska 6  City: 1000 Skopje  Country: R.Macedonia

Phone: (+) 389 2 3086 120;

Fax: (+) 389 2 3086 120 

Senior Selection e-mail: vesnamia@osi.net.mk